1155

by fokus

КАКО ТВРДОКОРНОТО ПРАВОСЛАВИЕ МОЖЕ ДА ЈА ЗАГУБИ ОХРИДСКАТА АРХИЕПИСКОПИЈА
Колку и да изгледа невообичаено, потегот на МПЦ, половина век по прогласувањето автокефалност (1967-2017) претставува кинење на папочната врска со СПЦ, која не само што не ја признава, туку сака да ја уништи својата „рожба“. Педесет години во црковната историја на МПЦ се можеби малку, но очигледно се доволни таа да покаже зрелост дека е подготвена без каков било патронат од Белград да продолжи да се бори за својата меѓународна афирмација. Па сепак, има јанѕи на кои треба да се внимава

ФИРМАТА НА КУМОТ НА ГРУЕВСКИ УВЕЗУВАЛА ФАЛСИФИКУВАНИ ЛЕКОВИ ОД ТУРЦИЈА!
Турската полиција уште пред две години предупредила за подземни капацитети во Турција што произведуваат лекови за македонскиот пазар. Лековите спакувани во оригинални амбалажи, преку т.н. паралелен увоз ги увезуваат три фирми што контролираат над 50 отсто од пазарот и се директно во кумска и роднинска релација со екс премиерот Никола Груевски. Овие шокантни наводи ги изнесува директорот на Фондот за здравство, Ден Дончев, во ексклузивното интервју за „Фокус“

„ВОДОВОД“ ПЛИВА ВО РАСКОШ
Сонцето од Вергина се чувало под строго обезбедување во седиштето на „Водовод“. Скапи уметнички слики ги красат ѕидовите на канцелариите. Директорот во улога на шеф на УБК – неговиот кабинет се отклучувал со посебен механизам. Истовремено, само 20 отсто од Скопје е покриено со атмосферска канализација

СОМНИТЕЛНО ОСИГУРУВАЊЕ
Речиси два месеци, Македонската контрола за летање нема осигурување, откако претходно е поништен тендерот. Најголемите проблеми настануваат откако се дознава сумата предвидена за осигурување, која изнесува 700 милиони евра на годишно ниво! Експертите врдат дека повеќето осигурителни компании воопшто не би се нафатиле, затоа што ризикот е преголем

КАДЕ ЗАВРШИЛЕ 200.000 ЕВРА ОД „ЈАДРАН ФИЛМ“?
„Фокус“ успеа да обезбеди извод од банкарската сметка на „Јадран филм“ еден месец откако парите биле трансферирани кај хрватската продукција за да ја сними првата сезона од историската серија „Македонија“. Според изводот 200 илјади евра биле извадени во кеш. Каде завршиле парите, ќе истражуваат Јавното обвинителство и Финансиската полиција

ГЕОПОЛИТИЧКИ ПАРАЛЕЛИ
Во ерата на Груевски, апетитите на неговите заслужни борци се задоволуваа со парите земени како кредити од странство, а во ерата на Заев, очигледно тоа се планира да се прави со зголемување на даноците. Резултатот, ако на време не се застане на патот на таквата погрешна политика, сепак ќе биде ист како во Зимбабве

 

Колумнисти:

Стојан АНДОВ
Вниманието и нашите напори треба да бидат концентрирани на задачата да се создаде политичко единство за основните државни интереси. Вистинска патриотска должност е сега опозицијата да се придружи на власта и да ја поддржи нејзината политика и во односите со Бугарија и во односите со Грција

Ана ПАНОВСКА
Узурпација на целиот неофицијален јавен простор од страна на непушачите едноставно ме навредува. Не гледам зошто некој би имал против некои од безбројните кафулиња во градов да бидат за пушачи. Зошто да зјапаат празни ресторански сали во зимно време, а надвор, под најлоните, тутма од народ

Ерол РИЗАОВ
Дури и во земјата на чудата ќе биде првокласна сензација и со денови ќе има бура во политиката на целиот Балкан и пошироко ако БПЦ го направи тоа што не сака со децении да го направи српската црква, да ја признае автокефалноста на МПЦ. А треба да го направи по сите Божји и световни канони