1150

by fokus

СО ЗУРЛИ И ТАПАНИ, ПАСТИРОТ ИСПРАТЕН ВО ИСТОРИЈАТА
Народот во еден миг оваа пролет му рекол на пастирот, не ја давај власта зашто отиде Македонија во мајчината, а тој сепак решил да ја даде. Кога пастирот престанал да го слуша, народот му свртел грб и го казнил на изборите. Но дали проблемот на Груевски е во тоа што наводно го предал својот народ? Или неговата црна судбина ја скроија мнозинството граѓани на Македонија кои се ослободија од неговиот терор и гласаат за демократија, слобода, правда и за евроатлантски интеграции?

7 ДЕНА: БОКСЕРОТ ГРОГИРАН ВО ПРВАТА РУНДА
Каква карма имаа груевци на жрепка да го извлечат бројот 13 на изборните листи. Ми мириса на баксуз дибидус. Ќе ги бие малер во недела!? Ама како садомазохисти уште го закажаа завршниот им митинг на петок 13. Брррр! Како тргнале, може и смислено да пуштат црна мачка да му го пресече патот на Груевски кога ќе оди кон бината за говоранција

СЕЛА И КАСАМИ ПРОТИВ АХМЕТИ
Со помош на СДСМ, ДУИ води безмалку во сите општини со доминантно албанско население во првиот круг. Тоа ги зближи БЕСА и Алијансата за Албанците, кои договорија соработка за вториот изборен круг, со цел БЕСА да победи во Тетово и Чаир, а Алијансата во Струга и Гостивар. Дали за тоа ќе добијат поддршка и од декласираната ВМРО-ДПМНЕ?

ГРАЃАНСКИОТ КОНЦЕПТ НА СДСМ НЕ ПОБЕДИ САМО ВО АРАЧИНОВО, ТУКУ НАСЕКАДЕ ВО МАКЕДОНИЈА
Миликије Халими, првата жена градоначалник од редовите на СДСМ, која победи во Арачиново во разговор за „Фокус“ објаснува зошто одлучила да се кандидира, како успеа да победи во општина со доминантно албанско население, и покрај тоа што е кандидат на „македонска“ партија и што прво планира да направи во општината што ќе ја предводи во наредните четири години

ОСУДЕНА ЗАШТО НЕ ИГРАЛА ЗА МАФИЈАТА
Вработена во катастарот која се спротивставила да ги впише дивоградбите од проектот „Скопје 2014“ за незаконски да се издадат имотни листови, набрзо била обвинета и осудена за мито. За „Фокус“ раскажува дека пари никогаш не зела, тоа јасно го предочува и судот, ама за „секој случај“ е осудена на четири години затвор

ДАЈ ДРУГО ДЕТЕ
Груевски се откажа од оние кои се тепаа за него и дозволи да бидат апсени, осудувани, и ни со прст не мрдна за да ги заштити. Секој од останатите верни борци си рече: „зошто да се борам за Грујо, кога тој потоа ќе се откаже од мене и ќе ме остави на цедило?“

 

Колумнисти:

Стојан АНДОВ
Претставата за тоа дека ВМРО се борело за создавање македонска држава е неточна, таа е мит. Тој мит и денес одвреме-навреме завладува со умот и срцето на голем број Македонци и им ја одзема нивната способност за правилно расудување и правилно водење на својата активност во животот

Ана ПАНОВСКА
Треба сите да кршиме копја како да ја спасиме ВМРО-ДПМНЕ-НЕВИНА и како да им помогнеме на новодојдените покајници да ги извршат темелните реформи во оваа анахрона политичка партија… Ама на Македонија ѝ била потребна! Како да не! Море, нека се мавне оттука

Денко МАЛЕСКИ
На последните избори, политиките на „леб и путер“ и национална еднаквост однесоа победа над оние националистичките. А, не било секогаш така. Во не така дамнешното минато, ваквата „национална политика“ на СДСМ кон Албанците, или кон Грците и Бугарите би била рецепт за пораз на партијата

Ерол РИЗАОВ
Човекот што една цела деценија ја контролираше Македонија, не можеше да се контролира себеси и најблиските соработници. Тоа е најголемата причина за неговиот лош крај и за трагичните последици што ги остави зад себе кои уште долги години ќе нанесуваат штети

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Новата власт да не ја зафати триумфализам и да започне да аздисува и забегува, затоа што секоја власт е како солена морска вода – колку повеќе се пие, се станува уште пожеден. Ниту новата не може да биде имуна од овој порок