1147

by fokus

ТЕТОВО НЕ МОЖЕ ДА ДОБИЕ ДЕПОНИЈА, АКО ГРУЕВСКИ НЕ ЗАВРШИ НА БУНИШТЕ
Локалните избори се од суштинско значење за тоа дали Македонија со изборен нокаут ќе го испрати пастирот на буништето на политичката историја, од каде што токму ВМРО-ДПМНЕ ќе им го предаде на органите на прогонот или, пак, уште извесно време ќе се мачи со политичката мафија на Груевски, па ќе мора да чека некаква нова, предвремена парламентарна изборна пресметка в година, за да закова шајка на политичкиот сандак на Фамилијата

ЉУБОМИР ЈОВЕСКИ ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ЗВРЛЕВСКИ?
Во Собранието пристигнале кандидатури на неколкумина адвокати, професори, нотарка и обвинители, но како што дознава „Фокус“, токму еден од обвинителите е најсилниот кандидат, кој во стручната јавност се издвојува како фаворит. Љубомир Јовески е актуелен член на Советот на јавните обвинители, а доскорашен заменик на Марко Зврлевски

УСПЕСИ И ЗАГОВОРИ НА ТАЈНИТЕ СЛУЖБИ
Шокантно, но во најновата книга Стојан Андов ексклузивно го открива обидот за негово убиство преку наместена сообраќајка во 1993. Две години подоцна, Киро Глигоров преживеа атентат во центарот на Скопје. Борис Трајковски во февруари 2004 година трагично загина во авионска несреќа во Босна и Херцеговина. Во 2017, пак, во директен телевизиски пренос следевме обид за убиство на кандидатот за премиер, Зоран Заев. Судските истраги или изостанаа или беа траљави… или оставија многу дубиози!

ЊУЈОРК – ЦЕНТА РНА СВЕТОТ, А ТАМУ И МАКЕДОНИЈА!
Во „Големото јаболко”, во „Стаклената палата” се одржа уште еден голем, но некомплетен шаховски турнир. На светската „Шаховска табла” на која не секогаш полињата се само бели или само црни, оти некои од време на време стануваат помалку бели или повеќе црни, меѓународните „велемајстори” ги одмерува силите и знаењето. Оваа година, за прв пат и од Македонија имаше шахист.

СПЕЦИФИЧНИ ИЗБОРИ
Аналитичарите велат дека и едните и другите ќе прогласат победа, па затоа од исклучително значење е резултатот во Скопје, кој во значителна мера ќе зависи од излезноста на Албанците.

ЗА ОСУМ МЕСЕЦИ ПОЧИНАЛЕ 127 БЕБИЊА!
Екипата на „Фокус“ ја посети Клиниката за гинекологија, каде што за првпат ни беше дозволено да направиме фотографии. Таа сѐ уште нема технички прием, а внатре можат да се видат старите родилни кревети, целите испокинати и уништени. Сепак, тоа што е уште пострашно, што и оваа година ќе ја одбележат алармантни податоци за починати бебиња.

НЕКОИ ПРАШАЊА (НЕ) ЗАСЛУЖУВААТ ОДГОВОР
На локалните има само два сета опции. Или си за едните со сиот нивен багаж, или си за другите со сиот нивен багаж. Тоа е катастрофална грешка на власта на СДСМ.

Колумнисти:

Стојан АНДОВ
Откако беше извршен атентат врз Глигоров, службеното раководство на тогашното МВР, без какви било вистински докази излезе со соопштение дека во организацијата на атентатот, „главна улога“ имала тогашната бугарска фирма – „Мултигруп“. Во јавноста подоцна се воведе теоријата за т.н. Братиславска врска, со која вината за атентатот се префрли на Албанците. И сето тоа не се засноваше ниту на ронка докази.

Денко МАЛЕСКИ
Никаде во светот универзитетите не можат да се пофалат со некаква демократија зашто „феудалните елементи“ се силни, но она што се случи со правните и политичките студии во независна Македонија го поткопа судството, науката, образованието и целата држава за години во недоглед

Ерол РИЗАОВ
За отпочнување на новата ера, Груевски доцни точно 2017 години. Таков скок на вековите не е забележан во историјата. Замислите каков е тој космички брз времеплов во иднината, кога од антички Македонци пет века пред Христа, преку селска левица стасувате во современа граѓанска десница во 2017 година во новата ера од кога повторно почнуваат да се бројат годините.

Д-р Ристе ЉУБОТЕНСКИ
За вистински промени нужни се и вистински кадровски решенија, но и јавен морал. А тоа, мора да признаеме, не е наша реална општествена доблест, а особено не е доблест на политичките „лидери“ и на нивните партиски стада

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Случајот со Горан Грујевски, всушност, ја открива логистичката помош на криминализираното МВР да му „позајми лице“ од некојси со име и презиме Владимир Варелов, и на тој начин, во соработка со корумпираното правосудство, му обезбедија бегство од правдата на доверлив и битен припадник на злосторничкото здружение, кој извршил тешки кривични дела