1146

by fokus

РАШКОВСКИ, ВРАТИ СЕ НА ПРАВЕН!
Кога Заев го постави професорот Драги Рашковски за генерален секретар на Владата, за многумина тоа беше вистински потег, зашто своите иновации и идеи тој ќе може да ги примени во интерес на два милиони граѓани. За жал, Рашковски почна да заличува на крава која дава десетпати повеќе млеко од другите во стадото, но на крајот знае да ја клоцне кофата и да го истури млекото.

РЕШЕТКИ ЗА СВАРОВСКИ СУДИИТЕ
Неодамна Прибе го објави и вториот извештај, во кој критиките не се спакувани во целофан, туку се посочени директно и недвосмислено. Судиите кои им биле измеќари на функционерите од извршната власт, заедно со нив, да завршат зад решетки, и тоа веднаш

КОЧО АНЃУШЕВ: ГРУЕВСКИ И ФАМИЛИЈАТА ПРАВЕА ПАРАЛЕЛНИ ФИРМИ ЗА УВОЗ НА СТРУЈА
Во интервјуто за „Фокус“, вицепремиерот за економски прашања, и сопственик на „Феро инвест“, Кочо Анѓушев,  ги објаснува причините зошто се нафатил на оваа функција, за проблемите што последниве години ги имал од владата на Груевски, за стравот на бизнис-заедницата во тоа време, за релациите со премиерот Заев и неговиот советник Обрадовиќ

НЕЗАКОНСКИ И АПСУРДЕН ПРОЦЕС
Комисијата за лустрација проверила над 30.000 и лустрираше околу 200 граѓани, при што 40 од решенијата паднаа на Управен суд, додека околу 80 се однесуваат на починати лица, кои не можат судски да ја оспорат одлуката. Многумина беа лустрирани без докази, со селективен избор на документација, па дури беа лустрирани и погрешни луѓе

ТОП НЕ ГО БИЕ
Шефот на велешкиот Фонд за здравство, Анде Марковски, во телефонски разговор кој го објави поранешната А1 ТВ, можеше да се слушне како разговара со жената на која преку партијата ѝ средувал ин витро оплодување а очекува да гласа за ВМРО-ДПМНЕ. Тој и ден денес е на истата раководна позиција во ФЗО!

СТАТУСНИ СИМБОЛИ ВО ПОЛИТИКАТА
Сите анкети, фалења, митинзи, реклами, постери, слогани, ветувања, навреди и афери кои ќе се отворат, сите елементи на политичката борба се на крајот само статусни симболи. Кои имаат за цел, исто како и скапите автомобили, јахти, вина и парфеми, часовници и костуми, да прикријат сериозен недостаток на конкретен план.

 

Колумнисти

Ерол РИЗАОВ
Не прашувај за кого бијат камбаните, тие бијат за тебе. Ечат силно ама поминуваат глуво како да нема кој да ги слушне. Прибе најавува некои акции кои ќе бидат спроведени во блиска иднина, а кои се поврзани со враќање на довербата во судството, правната држава и владеењето на правото

Стојан АНДОВ
Централните раководства на водечките партии ги објавија листите на кандидатите за градоначалници. Никаде не беше објавена постапката за утврдување кандидати. Неспорно е мислењето дека кандидатите се избор на партискиот врв. Очигледно, локалната власт е директно зависна од одлуките и наредбите на своите партиски центри

Д-р Денко МАЛЕСКИ
Парадоксално, но законот за јазиците, кој предизвикува поларизација во македонско-албанската дебата, во исто време нѐ доближува до одговорот на прашањето: како етничките Албанци да станат политички Македонци. Одговорот е: преку целосна рамноправност

Д-р Ристе ЉУБОТЕНСКИ
О „Лидеру“, немој да остануваш со уверувањето дека некој од граѓаните и партиското членство ќе плаче по тебе и твоето заминување од политиката. Ова заради тоа што едно е сосем сигурно: голем дел од нив сè уште плачат од тебе! Те доживуваат како напорен кошмарен сон од кого сакаат да се разбудат што побргу

Ана ПАНОВСКА
Да гледаш на СК 2014 како на вирус, кој допрва ќе бил ставен во своевиден карантин, ќе сме го анализирале од сите страни, па ќе сме одлучеле што да правиме со него (Алаѓозовски), не е ништо друго, туку одење на рака на тезата на Груевски дека времето ќе си покажело каква „големина“ и каква „вредност“ има овој проект!