1137

by fokus

ГОЛЕМА Е ВРАТАТА И НА ИДРИЗОВО!
И за разлика од реформаторите кои бараат демократски измени на статутот на ВМРО-ДПМНЕ, Груевски успева да креира драгиданевци, кои веруваат, како што им проповеда Пастирот, дека тој и тие на ГОЛЕМА ВРАТА ќе се врателе на власт. Како што експертутките проповедаа дека во јуни Трамп ќе го спаси Груевски. Во блиска иднина можеби ќе разберат дека и вратата на Идризово е ГОЛЕМА!

НАГРАДА ЗА МОЛЧЕЊЕ
Додека граѓаните сѐ уште не беа соземени од шокот на настаните во Диво Насеље пред две години, тогашната влада наградила над 900 полицајци по неколку илјади евра, меѓу кои има и врвни раководители на МВР и лица кои воопшто не биле во Куманово. Информацијата била сокриена како државна тајна, но наскоро вистината ќе излезе на виделина

ЛОШО ПРЕСМЕТАНА ОДЛУКА
Одлуката на Собранието на Институтот на сметководители за утврдување минимални цени на услугите предизвика реакции дека е незаконска, спротивна на начелата за конкуренција и дека драстично ќе ги зголеми трошоците за компаниите. Ова беше повод на сметка на Институтот да стасаат обвинувања дека се грижи за личните интереси на мала група на чело на организацијата

КОМУНИКАЦИСКИ ЏИН
Во Владата се подготвува нов гломазен систем за комуникации со јавноста, кој ќе функционира како „министерство“ за комуникации. Планот е во владиниот тим за комуникации да има најмалку 40 вработени. Што ќе работи овој тим и дали има опасност да се претвори во пропагандна машинерија на новата власт?

АЛИ РОБЕРТ И ЧЕТИРИЕСЕТТЕ „ТВИТЕРЏИИ“
На медиумите и новинарите не им е потребен ниту министер ниту министерство. Министрите и министерствата по правило добиваат желба да владеат, а не да бидат сервис на граѓаните, особено кога немаат што да работат. Кога-тогаш тие ќе посакаат да ги контролираат медиумите, да им се јавуваат на новинарите, да вршат притисок

ДИРЕКТОРКА НА СЛУЖБЕН ПАТ
Скопската Клиника за гинекологија години наназад ја тресат низа скандали, за кои „Фокус“ веќе неколкупати пишуваше. Додека во болницата умираат бебиња и родилки, директорката Хаџи-Лега, која треба да биде сменета оваа недела, пред неколку дена се врати од Америка, каде што беше десет дена на конгрес во Сан Диего. Кој и зошто и одобрил?

ЗА ПАТРИОТСКИТЕ РАБОТИ
Државата е премногу битна за да им се остави на „државниците“. И да се најчесни и да се најспособни, пак мораме да внимаваме сите што прават со нашата држава. А нашиве државници, и бившите и сегашните, ниту се најспособни, ниту се најчесни. Затоа, сите мораме да внимаваме на нив уште повеќе. Ем дваесет и четири-седум, ем три-шест-девет.

 

Колумнисти:

Стојан АНДОВ
Кога во Бугарија сѐ уште немаше појави на значителен вооружен отпор против фашизмот, првиот чекор во тој правец се случи во Македонија. Една поголема воена единица на петтата бугарска армија, им ја откажа послушноста на своите повисоки команди и во целост помина на страната на македонските партизани. И тоа е дел од заедничката историја.

Ерол РИЗАОВ
Тажна вистина е зошто Македонија сѐ уште нема сила да ги шутне компромитираните политичари и од партијата, и од политиката, и од државата, и да ги упати пред терезијата на правдата. Пречките да се оди напред ги предизвикаа првите сомнежи во јавноста за способноста и подготвеноста на новата власт да се справи со бројните опструкции на паднатиот режим

Ана ПАНОВСКА
Тие „човеци“ сакаат да се протнат како страдалници на кои им се загрозени нивните основни човекови права и слободи и на тој начин кај демократската јавност да предизвикаат сомилост, двоумење, преиспитување… одлагање и разводнување. Досега добро се снаоѓаат, додека новиве власти, плашејќи се да не ги прогласат за одмаздници, се правдаат

Сашо ТАСЕВСКИ
Латасе, друже београдски, во некои арапски земји рачињата ги сечат, независно дали со нив си украл десет долари или десет милиони. Крадец е крадец, како да ти кажам. И немој сега, Сител ова, Сител она. Сител нема да стане телевизија со респект додека ти не заминеш од таму

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Суштинскиот проблем на бугарско – македонските односи е т.н. „македонски въпрос“ т.е. меѓусебната погрешна перцепција за термините Бугарин и Македонец. Главните предводници во Бугарија се „полицаите-историци“ и нивниот пандан во Македонија кои како лакеи на власта ја толкуваат историјата на ретрограден начин