1132

by fokus

РУСКАТА МЕЧКА ЌЕ ’РЖИ И ВО СПОРОТ ЗА ИМЕТО
Иако го загуби Груевски, може да се очекува дека како и во минатото, и овојпат, Москва ќе ги охрабрува антизападните, националистичките, проруски сили во Македонија, но и оние во Грција, за да ја заоструваат реториката и да не дозволуваат разумен компромис за името, за да се спречи нашето членство во НАТО

МАКЕДОНИЈА ТРГНА ПО ВИСТИНСКИОТ ПАТ
Конечно, Македонија по 11 години доби нова Влада предводена од премиерот Зоран Заев! Новата Влада да биде посветена на „Итните реформски приоритети“ врз основа на „Извештајот на Прибе“ и на целосно исполнување на Договорите од Пржино (што значи и СЈО!). Се бара единство и конструктивност на сите партии, па дури и национален консензус, со цел Македонија забрзано да се врати на патот кон ЕУ и НАТО

ВМРОВЦИ ВО ВЛАДАТА НА СДСМ
Профилирани социјалдемократи, но и ликови со вмровски бекграунд,  долгогодишни верни соработници, но и довчерашни лути противници, луѓе со скромно имотно досие, но и мултимилионери… Вака изгледа новата влада, составена од луѓе со различни интереси, ставови, убедувања

ПСИХОПАТОЛОГИЈАТА НА ПСИХОПАТОРОТ
Груевски замина во опозиција, ама груевизмот не е демонтиран. Затоа МОРА да биде ТЕМА за анализа. За да не се повтори. Како успеа толку совршено да ја зароби државата? Зошто садистички им се одмаздуваше на „душманите“? Како го заведе сиромашниот плебс да му верува нему, а не на своите уши и очи?

ТОДОРОВ ОСТАВИ НЕЗАДОВОЛНИ ПАЦИЕНТИ, ФРУСТРИРАНИ ЛЕКАРИ И ОГРОМНИ ДОЛГОВИ
Министерот Арбен Таравари е еден од лекарите, кој жестоко ги критикуваше здравствените политики на владата на ВМРО-ДПМНЕ, а учествуваше во штрајкот на лекарите против плаќањето по учиниок. Тој најави дека проектот ќе биде укинат, економските директори одат во историјата, а ќе се прави и финансиска ревизија за набавката на медицинската опрема која чинеше над 100 милиони евра

МИСТЕРИОЗНИОТ ГРАБЕЖ ВО ТУТУНСКА
Дали парите од грабежот во Тутунска банка отидоа во Србија преку пријателот на првоосомничениот ограбувач или, пак, можеби сѐ уште се во земјава. Како е можно вработен во банката повеќе денови да краде огромни суми без никој да забележи? Зошто никој во Банката не одговара за грабежот?

ПО УПОТРЕБА ДА СЕ ФРЛИ
Постојат многумина што мислат дека на изборите, 430 илјади гласачи ѝ дале власт на СДСМ. А што ако само 200 илјади верни фанови ѝ дале власт, 180 илјади ѝ дале последна шанса да покаже што знае и умее, додека 40 илјади Албанци само ја искористиле СДСМ за да им испратат порака на ДУИ и Беса?

Колумнисти:

Ерол РИЗАОВ
Решението никогаш не е подлабоко во дупката. Мора да се излезе од неа и прво треба да се фатат пироманите, кои сега масовно се префрлиле на работа меѓу пожарникарите, а сѐ уште сите имаат кибрит во џебот и палат ли, палат. Додека гори насекаде, по цел ден викаат: фатете ги потпалувачите!

Д-р Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Наместо реизбор на обвинителите и судиите, треба да се почне процес на кривично-правно процесуирање на нивните злодела. Прв чекор кон тоа е смена на Републичкиот судски совет и Советот на јавни обвинители. Потоа финансиската полиција треба да им погледне во банкарските сефови и сметки

Ана ПАНОВСКА
Ако успееме да се протнеме некако во НАТО со референцата БЈРМ, владата на „СДС“ ќе се качи на коњ. Не на Букефал, скаменетиот, кој заедно со неговиот јавач ќе мора да си заминат од нашава престолнина за да не го нервираме нашиот „јужен сосед“. Е, драги мои, тоа е правилно „виткање  кичма“

Методија ДИНЕВСКИ
Буџетот на Агенцијата за странски инвестиции за 2016 година изнесуваше околу 7,3 милиони евра. Само со трошоците за промоторите кои не чинат 5000 евра месечно, буквално секоја година може да се отвори една фабрика со најмалку 100 работници!