1127

by fokus

ЗВРЛЕВИЗМОТ КАКО ПОСЛЕДНИОТ БЕДЕМ НА ГРУЕВИЗМОТ
Да се стави груевизмот на филм, би се швркнала публиката од смеење дека лидер на опозиција е обвинет за кривично дело „Насилство спрема претставници на највисоките државни органи“, органот е нели Груевски, затоа што Заев барал предвремени избори и техничка влада предочувајќи му ги снимените разговори. А кога ќе гледате во живо крваво насилство врз пратеници, а кога „органот“ Груевски бара предвремени избори и техничка влада, „органот“ е патриот, а насилниците-убијци се сал „толпа“!

РУСКА ВРСКА ВО КАПИТУЛАЦИЈАТА НА ГРУЕВСКИ
Путин виде дека си има работа со препреден криминалец, со геополитички дунстер кој својата божемна суверенистичка агенда ја злоупотребува за да ја покрие маштабната децениска пљачка на својот народ. Москва разбра дека станува збор за балкански кабадахија кој нема никаква идеолошка, ниту геополитичка кауза, а најмалку е автентичен борец против доминацијата на САД, ЕУ и НАТО на Балканот и во Македонија

НЕМА СПАС ЗА ДПМНЕ СО ГРУЕВСКИ
Откако Крвавиот четврток дефинитивно го испрати ВМРО-ДПМНЕ во опозиција, се отвори дебата за лидерска смена во партијата. Без да се реформира и ребрендира, ДПМНЕ не може да се ослободи од имиџот на насилничка партија, а старите вмровци му порачуваат на Груевски да се повлече

ОБВИНИТЕЛИ СО КРВАВИ РАЦЕ
Обвинителството на Зврлевски за најкрвавиот ден во историјата на македонското Собрание досега поднесе само обвинителен предлог против девет лица кои се товарат за „учество во толпа“. Дали ќе ја добие улогата да ги заштити и „испере“ од одговорност силеџиите?

ПАРТИСКА ДИСКРИМИНАЦИЈА
Иако Законот за заштита од дискриминација беше донесен уште пред шест години, граѓаните се уште не ги осетиле бенефитите. На хартија тие се заштитени од политичка дискриминација, а во пракса секојдневно „летаат“ од работа, доколку во раката наместо диплома не држат партиска книшка.

АНОНИМЦИ ВО ПАРТИСКИ КОСТУМИ
Јавна тајна е дека за да станеш советник, државен секретар или шеф на кабинет, мора да имаш партиска книшка. Таков е случајот со советниците на министерот Тодоров во здравството. Државните советници се вкотвени на добри работни позиции, а во меѓувреме извршуваат уште по неколку функции во управни и надзорни одбори на клиниките

ПОЛИТИЧКА ДЕТОКСИФИКАЦИЈА
Кај немуслиманското население во Македонија далеку најпопуларен светски политичар е Владимир Путин. Кај муслиманското население, пак, тоа е Реџеп Таип Ердоган. Кај постарите, без конкуренција прво место во сеќавањата држи Јосип Броз Тито. Кој од овие наведени ликови е синоним за демократ?

 

Колумнисти:

Ерол РИЗАОВ
Уште во првите сто дена, јавноста треба да се увери дека Македонија е слободна и почнува да се движи во правилна насока, дека лажни биле драматичните заплашувања на граѓаните дека мнозинството во парламентот е формирано за уривање на унитарноста на државата

Д-р Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Понесен од инерцијата на старата партиска практика, Џафери во кабинетот го постави и албанското знаме. Реакциите  беа доволна причина да го повлече тој свој гест и да се држи на практиката утврдена со закон. Тоа покажува дека може да се очекува поголема самосвесност за сопствената одговорност кај клучните луѓе во политичкиот живот

Ана ПАНОВСКА
Дедо Стефан може да ги подучи како тоа се прави христијански, се разбира, откако и тој ќе се „департизира“ и ќе падне на колена пред целиот македонски народ, барајќи прошка за неговата нескриена поддршка на изминатиот злосторнички режим

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Керберскиот „патриотизам“ во Мафијадонија привршува. Тоа е очекувано и нормално поради глупоста, инфантилната верба и моралната вертикала. Режимските кербери дури по една деценија се соочија со грдата реалност – искористени и оставени со притиснати мадиња во менгеме

Рамадан РАМАДАНИ
Новата влада уште не е изгласана, па затоа можни се и други симболични рефлексии, кои ќе покажат дека тој четврток ќе биде темелникот на таа влада. Но, тоа што не е само симболика е фактот дека сплотеноста, гардот и отпорот од тој ден се и ќе бидат новата влада