1120

by fokus

ДРЖАВАТА ЌЕ ПРОПАДНЕ АКО КРИМИНАЛЦИТЕ НЕ СЕ ВО ВЛАДА!
Кога ТИЕ се во екстаза што Иванов удрил корпа за средба со Хан, НИЕ се срамиме од нивната глупоштина. Кога ТИЕ се во хистерија дека Ѓорге бил цар, НИЕ се исмеваме со Хорхе Фикусот. Кога ТИЕ ќе скоцкаат „победнички“ дека е потребно генетско испитување на корените во институт во Швајцарија, НИЕ се далдисуваме оти не капираат дека сме за психијатриска анализа …и ТИЕ и НИЕ што овозможивме да пушти корења груевизмот.

ВМРО ДВОЈАЗИЧНА
Внатрепартиската битка во ДУИ ја доби крилото што се залага за промени. Покрај мноштвото аргументи, за ова пресудила анкетата според која 88 отсто од Албанците се против Груевски, што ја оневозможи коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ, иако партијата прифатила дури и двојазични униформи на полицијата

ЕДНОЈАЗИЧНА ПОРАКА
Знам оти иљач бараш за твојата арамиска душа напатена. Ама чаре нема. Ни избори, ни малцинска влада, ни блокада на Собранието, ни народ на улица… Ништо не ти помага. Со секое твое силеџиство, само јамката околу вратот си ја стегаш и на Фамилијата и на Македонија им ја урнисуваш иднината

ЕКОЛОШКИ СКАНДАЛ
Според италијанските медиуми, во Македонија преку граничниот премин Ќафасан лани влегле 1140 контејнери со странски отпад. И додека никој не кажува каде завршил овој отпад, населените места околу скопската депонија бележат црни резултати. Рапидно e зголемен бројот на заболени од карцином

ЛЕКАРИ ПРОФИТЕРИ
Раководството на Лекарската комора на чело со доктор Кочо Чакаларовски и доктор Ленче Неловска, чиј мандат истекува, беше обвинето од колегите дека комората ја претвориле во биро за вработување партиски послушници и блиски роднини и не даваат отчет како се трошат парите на лекарите

ФУДБАЛСКИ ДУБАРИ
Десетина претседатели на клубови од битолскиот фудбалски сојуз не учествувале на Собранието на трети јануари годинава, обвинувајќи дека е направен фалсификат на сите одлуки што се доставени до ФФМ. Поради тоа се доведува во прашање и реизборот на Илчо Ѓорѓиоски за прв човек на ФФМ

ВО ВИЦОТ Е ВИСТИНАТА
Тие што ќе избегаат, ќе остават поука дека можеш да се стекнеш со пари на криминален начин и потоа да ги трошиш на мир во некој тропски рај. Што правиме со тие што ќе забегаат? Тие се тука, и прават штета постојано. Многу полесно е да се вратат во државата избеганите, отколку да се вратат во реалноста забеганите

 

Колумнисти:

Ерол РИЗАОВ
Останува тајна дали на работната маса на неимарот е завршен проектот за спасување  на градот. А, и да не е завршен, доволна е идејата дека Скопје може да куртули од злосторството што му е нанесено. Жално е кога големиот градител, наместо да гради, разградува туѓи грешки

Д-р Ристе ЉУБОТЕНСКИ
За мене е многу симптоматично што освен Никола Груевски и поддржувачите на неговиот лик и дело (читај криминал), никој друг не ја согледува опасноста од надворешна агресија и од внатрешните непријатели и предавници

Ида ПРОТУГЕР ВЕЉКОВИЌ
Според Државниот завод за статистика, 64 отсто од вкупниот увоз во Македонија бил од земјите на ЕУ. Ако се земат, пак, сите земји од Европа, вклучително и балканските, увозот од континентот на кој припаѓаме е 78 отсто. Нашиот извоз во Европа, пак, е 93 отсто

Ана ПАНОВСКА
Жал ми е за онаа провлечканана, зашеметена, постара жена од првите редови на протестите, која ги огрвалила очите и инаетливо легнува на асфалтот и гледаш дека со сиот памет мисли дека баш таа е главниот фактор во сета оваа трагикомедија. Страшно ми личи на Ѓоргета

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
„Експерти“ удрени во бандаж ги насочуваат геополитичките правци, мавнати со мокра чорапа креираат стратегии, избегани од „жолто комбе“ нудат интелектуални услуги, маргиналци стануваат политички фаци, штапски курири и подопашници – дипломати, дебеловрати бодигарди – безбедњаци и разузнавачи

Рамадан РАМАДАНИ
Цело време граѓаните гледаа сеир како поминуваат месеци без влада, а не направија никаков притисок кон пилиштарско-пробиштипската влада да не се занесува како политичка влада, па да се задолжува и дури да најавува изградба на клиники и луна паркови. Тука потфрли и невладиниот сектор