1115

by fokus

ОПОЗИЦИЈАТА ВО ИЗБОРИТЕ БИЛА ПОД ПИМ МЕРКИ!
Кредибилен извор ни „свирна“ дека сите носители на изборните листи на СДСМ биле за време на кампањата под ПИМ мерки! Супер скандал, ама во ИДИОТИЗМОТ наш, тоа изгледа нормално. Така фамилијата ни дава на знаење дека – сака нѐ слуша незаконски, сака нѐ демне „согласно законот“ – со параф од сваровски злосторници со натнати тоги

ЌЕ ДОЈДЕ ДЕНОТ КОГА ПАНЧЕВСКИ ЌЕ ОДГОВАРА ЗА СВОИТЕ ЗЛОДЕЛА!
Судскиот службеник Горан Стаменковски од скопскиот кривичен суд кому обвинителството му покрена обвинение за наводен инцидент со портпаролката на судот Паула Костадиновска во интервју за „Фокус“ вели дека е жртва на екс претседателот на судот Владимир Панчевски, затоа што одел на протестите на Шарената револуција

И МРТВИТЕ ДОНИРААТ ЗА ДПМНЕ
Досега беше познато дека мртовци гласаа на избори, но освен што го „искористиле“ гласачкото право, мртвите успеале и да донираат за изборните кампањи. Ова според неофицијални информации на „Фокус“ го покажала истрагата на СЈО за финансирањето на ВМРО-ДПМНЕ

„ЖИКОЛ“ МЕЃУ БИЗНИСОТ И ПОЛИТИКАТА
Струмичката градежна компанија „Жикол“ иако постои долго, последните 5 години добила тендери од 50 милиони евра. Дали причината за тоа е што сопственикот на компанијата е татко на членот на Советот на Општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Пандев

ШИЗОФРЕНИ ПОРАКИ
Ако нешто му пречи на Груевски во преговорите на партиите на Албанците со СДСМ, тогаш тоа е недостигот од радикализам на барањата. Кога би ја пишувал тој декларацијата од Тирана, во неа сигурно би ставил обврска сунетот да биде задолжителен за сите деца, независно од етникумот

ПРОТЕСТИ ПРОТИВ „ЕВН“
Крои ли некој пеколен план – во масата побунет и до коска изгорен народ да уфрли десетина пиромани? Политичките фластери засега се држат на дистанца, а протестите до чисто граѓански мотиви – едни протестираат против скапата струја, други токмат бунт против трговците на државните интереси

НИКОЛА ТОДОРОВ КАКО ГОЛЕМИОТ БРАТ
Одлуката на министерот за здравство да го контролира работното време на лекарите со отпечаток од прсти предизвика револт на клиниките. Ваквата контрола врз здравствените работници е патологија на министерот, велат лекарите

БЕЛГИЈА ИЛИ ШВАЈЦАРИЈА НА БАЛКАНОТ?
Имаш работа, полн ти е џебот? Е тогаш ич не тие гајле дали некој зборува на француски, на холандски или на германски. Кој да се секира за тоа, кога треба да се одлучи кога ќе се оди на одмор, во јули или во август? Патем, фразата „кога на одмор“, на албански се преведува како „кур пушимет“. Ако ништо друго, двојазичноста ќе биде извор на многу хумор

 

Колумнисти:

Стојан АНДОВ
И ништо да не каже Рорабахер, кога ќе стане јасно оти Македонија нема надеж да биде примена во ЕУ и во НАТО поради политиката што ја води, тогаш потпирајќи се на својата цврста општествена свест Албанците од Македонија едноставно не ќе сакаат да живеат во така изолирана држава

Ана ПАНОВСКА
Му прикажуваш „бомби“, му го докажуваш криминалот со бројки и анализи, му кажуваш дека е во долгови до гуша, го буцкаш да го разбудиш и да го вратиш во реалноста, а тој, ги отвора очите и бара: да има леб, да го возикаат со бесплатни автобуси и возови низ државава и, се разбира, да нема Албанци

Д-р Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Знам дека НГ нема храброст, а уште помалку машко срце храбро да се соочи со фактот дека губи. Навистина, не со нокдаун, но губи на поени и бргу ќе дојде денот кога ќе мора да го признае поразот. Сè што може да направи за себе во овие последни секунди е да престане од себе да прави политички арлекин

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Мафијадонија веќе една деценија живее во тотална поствистина. Политичката партија која ветуваше „преродба“, оствари сосема спротивно од ветувањата. На тој начин, тогаш промовираната вистина од денешна перспектива претставува класично мудросерство

Д-р Јове КЕКЕНОВСКИ
Со секоја акција за одбрана на позициите на султанот, расте и цената на јаничарите. Нивната основна филозофија е: „Ако, тие нека крадат колку што сакаат, битно е ние да се офајдиме“. Но, султанот и неговите најблиски само ги пуштаат да се засладат од медот. А потоа си знаат гревчињата што ги чека

Рамадан РАМАДАНИ
Одговорот кој ќе ги израдуваше сите добронамерни луѓе е дека Македонија, освен што ја има, таа е и возможна. Без него останува да лебди во воздухот, основното кое конгресменот го посочи како одлучувачки за неговата дилема за државност на нашата земја: разделеноста