1095

by fokus

ДОДЕКА КАТИЦА СТИГНЕ ВО СУДНИЦА, СИТЕ ЌЕ БИДЕМЕ ЗА ВО ЛУДНИЦА!
Судот кој одлучува за обвиненијата на СЈО, на Катица не и дава да се приближи ниту до споменикот на Ќосето, а не, пак, во судница, против режимот да ги демонстрира своите квалитети. Главното оружје на СЈО останува пи-арот и Катица мора тоа да го знае, ако некогаш сака да се појави во судница

НЕИЗВЕСНИ ИЗБОРИ
Иако се чинеше дека парламентарните избори на крајот на годината се бетонирани, сепак во политичките кулоари сега се споменува дека е можно уште едно, трето по ред одложување на изборите, но овојпат на инсистирање на ВМРО-ДПМНЕ. За тоа, се разбира, треба да се обвини опозицијата

РАНГЕЛОВА ОБВИНЕТА ЗА ЦЕНТАР
За насилството во Центар, обвинета е и пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова, дознава „Фокус“. Во второто обвинение на СЈО, пак, ќе одговараат и припаднички на УБК, кои присуствувале на палењето на документите во базата Брест кај Петровец

ГРУЕВСКИ ПРОТИВ ВИСТИНАТА
Од СЈО неодамна поднесоа иницијатива за измени на законот за заштита на сведоците за да можат да ја истераат вистината и правдата за случаите „Монструм“, „Мартин Нешкоски“ и „Сопот“, но Груевски се изјасни дека ВМРО-ДПМНЕ нема да ја поддржи оваа иницијатива

НЕМАШЕ ВИСТИНСКИ ИСТРАГИ ЗА КРПАЧ И ЗА МЛАДЕНОВ!
Поранешниот шеф на военото разузнавање и контраразузнавање во Министерството за одбрана, Владимир Пивоваров кој шест месеци и 10 дена беше советник на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, за безбедноста и контраразузнавањето, во интервју за „Фокус“, наведува повеќе контроверзии од истрагата за случаите со самоубиството на Коста Крпач, смртта на Никола Младенов и крвавите настани во Диво Насеље.

ПРАТЕНИЧКА СО „РЕВОЛУЦИОНЕРНО“ МИНАТО“
Сомнителните активности на пратеничката Нола Исмајлоска – Старова од ВМРО-ДПМНЕ, која има лажна биографија, почнале заедно со нејзините политички амбиции. Според истражувањето на МЦЕО, таа фигурира дури во осум невладини организации кои добивале европски пари користени за организација на контра-протести

ПРОБНИ БАЛОНИ
Во Македонија, веќе 25 години, само партиите испраќаат пробни балони, за да видат со својот сѐ поголем безобразлук и нааканост до каде може да одат и до каде народот ќе ги толерира. Сѐ додека не им кажеме на партиите дека беше доста, тие ќе мислат дека малку ни било и дека сакаме уште

 

Колумнисти:

Ана ПАНОВСКА
И мене баш не ми се бендисува стајлингот на Јанева, а не ме соборува на земја ни со нејзината елоквентност. Сепак, нешто ми вели дека никако не би сакала да се најдам на списокот на Јанева, а, бе, да не го сврти погледот накај мене ни како кон сведок, а камоли како кон сомнително лице

Гордана ПОПСИМОНОВА
Групата на Илија Димовски се прикажа во светло на преплашена, неартикулирана и хистерична група полупијани врескачи, случајно прибрани од некоја периферна зачадена меана. Која од Катица Јанева направи народен херој, а од себе ноторни будали

Д-р Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Жестоките напади на СЈО се само едната страна на медалот. Онаа другата, потемната, е и пострашна и за нив. Тоа е стравот да не се отвори Пандорината кутија на организираниот криминал, во кој, освен веќе видените ликови, ќе бидат препознаени и бројни „уважени“ и „чесни“ судии, обвинители и полицајци

Стојан АНДОВ
Треба да преовладаат позитивните чувства за добрососедство и да се создаде комисија со претставници од сите земји, чии предци ги оставиле коските на нашата почва. Тоа нека биде иницијатива на нашата влада како главна насока за подобрување на односите меѓу земјите во регионот

Александар ТОРТЕВСКИ
Македонија дефинитивно заслужи место во учебниците за криминологија и криминалистика. Нашиот законодавен дом беше место каде што на осомничени и обвинети за огромни криминали им беше дозволено да се изживуваат врз обвинителот што ги води постапките против нив