1089

by fokus

ЌЕ ГИ СМЕНАТ ЧАРШАВИТЕ, А НЕ ПРОСТИТУТКИТЕ!
Филозофијата на нашите властитутки ја препознав во вицовите. Како кога шефицата на јавната куќа што губела на клиентела, нашла решение: ги сменила чаршафите, а не проститутките. Е по поплавата, ние ќе ги смениме „чаршафите“. Или кога шефот на стриптиз-бар во комунистичка Москва се думал оти не им оди бизнисот, а стриптизетата им била член на партија од 1939! Како што на нашиве им е клучно „стриптизетите“ да им се „члан партије“. Е, државата тоне, но тука се медиумските старлети да го прикажат тоа како прогрес.

ШАМАРИТЕ СТИГНАА ЗА НАПЛАТА
Надлежните експресно ги осудија протестантите за „Мартин Нешкоски“, „Монструм“, од „Шарената револуција, а повеќе од три години избегнуваат да ги казнат оние кои кршеа пред општина Центар. Јасно е, го штителе Груевски, кој сега ќе стане клиент на СЈО

ТЕНКА ПРЕВЕНЦИЈА И ЗАШТИТА
Центарот за управување со кризи, Управата за хидрометеоролошки работи и Дирекцијата за заштита и спасување  имаат релативно мали буџети, кои не им овозможуваат да стекнат нови технологии и ефикасно да се справат со ризиците и опасностите

ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ ДЕМНАТ ПО ПОПЛАВАТА
По две недели откако страшно невреме го погоди скопско, сликата се уште е лоша, а според лекарите, ако за краток рок не се исчисти калта од куќите и ако не се отстранат угинатите животни, Македонија може да се соочи со илјадници заболени граѓани од заразни болести

ВАШИНГТОН ЈА ОТПИША ФАМИЛИЈАТА
Пораките на американската администрација кои во Скопје ги пренесе советникот на Обама, Чарлс Капчан, се дека во Македонија е нужно да настапат промени кон демократија и правна држава, а тие промени, пак, јасно е, не се можни без пораз на ВМРО-криминална на изборите во декември

БРАТУЧЕДИ И БИЗНИС ПРИЈАТЕЛИ
Со тендерската комисија која одлучува за набавката на оклопни транспортери за АРМ од 250 милиони евра, раководи братучедот на министерот Јолевски, а една од фирмите понудувачи од Чешка, е во сопственост на бизнисмен, добар пријател на Сашо Мијалков

УМЕТНОСТА НА КООПТИРАЊЕТО
И додека СДСМ се заканува со одмазда кон секој што ѝ свртел грб на партијата, ВМРО-ДПМНЕ со широко отворени раце ги прифаќа сите што ќе дојдат да клекнат пред тронот на Пастирот. Од некогаш најзагорените комуњари ги создаде денес најфанатичните бранители на режимот

 

Колумнисти:

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Му порачувам на НГ да го соблече панцирот, да си ги соголи и телото и душата, за да може „народот“, односно граѓанинот, да го види и да го запознае неговото вистинско лице без маска. И да не се плаши, барем од атентат

Гордана ПОПСИМОНОВА
Груевски измисли перфектен рецепт како да им ја згади Македонија на Македонците, како да ги извитопери сите приказни и митови врз кои е создадена македонската нација, како да ги згази и обезвредни сите традиционални вредности

Ана ПАНОВСКА
Во оваа држава, освен муваторите, сите други на некој начин сме загрозени. Само Коцета Трајановски мува не го лази. Сега се намерачил на „Палома бјанка“. Како што тргнал на тој потег, патот го носи токму накај зградата на СЈО

Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Од доаѓањето на власт до денес, вклучително и со последниот конкурс,  полицијата прими над четири илјади нови припадници, а измените на Законот за МВР овозможија искусните кадри да заминат во пензија и да се изврши партиско прочистување

Александар ТОРТЕВСКИ
Владо, те молам, кажи ми каква е твојата проценка за оправданоста на Панорамското тркало среде Вардар за 20 милиони евра и мајмунската градина во Цркводром, во услови кога парите за нив ги обезбедуваме со задолжување со 6 отсто камата?