1061

by Фокус

ПАНЦИР-ДЕМОКРАТИЈА И ЏУБОКС-МЕДИУМИ
Мислам дека е неопходно, сите оние што ја споделуваат истата дијагноза на режимот, да се обединат во некаков своевиден ФРОНТ ЗА ВРАЌАЊЕ НА НОРМАЛНОСТА. Граѓански организации, мислечки луѓе, политички партии од сите етникуми. Главната задача би била токму нормализацијата на политичкиот живот. Ако се збијат редовите, шансите се поголеми. Кога лудилото ќе се залечи, нека се организираат нормални избори.

ЕПСКИ СУДИР НА ГОЦА И КАТИЦА
За изборниот криминал на ДПМНЕ, Специјалното обвинителство има многу сведоци. Обвинителите на Катица ги испрашале, но потоа ги обработила и г-ѓа „Ливче нека снема“. Гоца и Катица се во епска битка. Едната си ја штити Фамилијата, другата бара правда

НЕМА СУДИЈА – ЈУНАК ШТО ЌЕ ПОТПИШЕ ПРИТВОР ЗА ГРУЕВСКИ
Арбен Гоља, адвокат кој зад себе има 30-годишно работно искуство е жесток критичар на власта сметајќи дека системот што го воведе ДПМНЕ во последните десет години ја однесе државата во бездна. Во интервју за „Фокус“, тој ги анализра состојбите во судството и се сомнева дека во најскоро време ќе има апсења и притвори на високи функционери

СТАВРЕСКИ ПРОТИВ НАУМОВ
Заменик-министерот за финансии, Кире Наумов, безуспешно се обидува да добие информации за задолжувањето и за трошењето на јавните пари, бидејќи министерот Ставрески ги игнорира неговите прашања. Тоа е директно кршење на законот за влада, а повлекува и кривични санкции

МАКЕДОНИЈА Е ШКОЛСКИ ПРИМЕР ЗА НАСИЛСТВО ВО ПОЛИТИКАТА
Борис Буден, политички филозоф и професор на Факултетот за дизајн и уметност „Баухаус“ на Универзитетот Вајмар во Берлин, во интервју за „Фокус“ говори за насилството во политиката, особено во земјите од Балканот и поранешна Југославија. Според Буден, насилството е наша современост и ја обликува иднината

ДЛАБОКА ИЛИ ПЛИТКА ДРЖАВА
Ние, народот, граѓаните, обичните луѓе, гласачите, ние сме длабоката држава. Штета само што не сме свесни за сопствената моќ, па се давиме дури и во плиткото. Затоа и Груевски постојано се повикува на народот. Затоа што тој само, исклучиво и единствено од народот – се плаши

БАЛКАНСКА РАЗВРСКА
Македонија изгуби скапоцена шанса и можност за исчекор. Сега вратите полека ѝ се затвораат, како за НАТО, од каде што ја делат минимум четири години тешки реформи, така и за ЕУ, каде што може да се изгуби и кандидатскиот статус. Иднината на земјата е неизвесна

 

Колумнисти:

Лилјана ПОПОВСКА
Ако се 24 отсто за владејачката ВМРО-ДПМНЕ и 7 отсто за ДУИ, тоа се 31 отсто за власта. Значи, сите останати граѓани нема да гласаат за власта, односно 69 отсто се опозициски настроени. Кристално јасно е дека ВМРО-ДПМНЕ ја нема мнозинската поддршка од граѓаните

Стојан АНДОВ
Кога Груевски ќе проговори за неговите очекувања од „клоците на народот“, во бујната свест на некои луѓе тоа се претвора во задача: да откријат „кој го валка угледот на државата“ за да го исклоцаат и така да го казнат

Ана ПАНОВСКА
По кој знае кој пат Груевски си поигрува со меѓународната, која не сфаќа дека името е последното гранче за кое се придржува. Па, со што Груевски ќе ја додржи својата партија, ако се откаже од основните три стожери на ВМРО-ДПМНЕ: името, Албанците и кодошите?

Александар ТОРТЕВСКИ
Осумте досега поднесени кривични пријави против замениците на Јанева се необично добра вест. Тие се доказ дека нејзиниот тим жестоко работи и дека многу бргу ќе ги видиме резултатите од таа работа

Рамадан РАМАДАНИ
Другата важна работа е непрочистениот список. Нешто што ќе биде пресудно за следните избори, но прочистувањето на истиот список може да објасни многу работи за претходните изборни циклуси во земјата. Ќе се види што и колку фалсификат пасоши, лични карти и умреници имало всушност во многуспомнатиот „народ“

Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Посебен белег на мафијашките држави од фамилијарен тип претставува паралелната концентрација на политичка власт и главните економски активи во рацете на исти луѓе, кај нас околу сто