Весковски презентираше документи: Како е можно земјиште да биде отуѓено за скоро 11 илјади евра, а подоцна истото земјиште со уште неколку објекти да биде продадено за 600 илјади евра?

by Fokus

Дуле Весковски носител на кандидатската листа на советници на Општина Карпош денеска презентираше како е оттуѓено градежно земјиште, во сопственост на Република Македонија, а претставувано од градоначалникот Стевчо Јакимовски, со непосредна спогодба, склучена на 29.01.2016 година во Скопје. Ви го пренесуваме во целост:

Градежното земјиште со вкупна површина од 1.533м2 е продадено за 671.454 денари (речиси 11 илјади евра) на друштвото за производство, трговија и услуги ГРОМ ПРОМЕТ ДОЕЛ.

Го прашуваме Јакимовски, како оттуѓил државно земјиште за багателна цена слично како неговиот коалиционен партнер Груевски?

Само 2 месеци подоцна по оттуѓувањето, истото земјиште заедно со легализираните објекти застапувано од ГРОМ ПРОМЕТ ДООЕЛ е продадено на фирмата Друштво за градежништво, инженеринг производство и трговија на големо и мало ДАБАР ДООЕЛ по цена од 36.900.000 денари или 600 илјади евра.

Прашуваме како е можно земјиште во еден од најатрактивните делови во Карпош (непосредно до ресторанот Имес) да биде оттуѓено за скоро 11 илјади евра, а само 2 месеци подоцна истото земјиште заедно со неколку легализирани објекти да биде продадено за 600 илјади евра?

Ги повикуваме надлежните органи сериозно да пристапат кон овој случај и оваа сомнителна зделка! Одговорност мора да има!

Гласот за Стевчо Јакимовски е глас за продолжување на криминалот во Карпош!

На 15-ти октомври ставаме крај на расипничкото и неодговорно владеење во општината!

 

Поврзани новости