Велика Британија го зголеми нивото на закана од терористички напади

by Fokus

Британската премиерка Тереза Меј објави вчера дека го зголемува нивото на закана во земјата до критично по самоубиствениот напад во Манчестер, во кој загинаа 22 лица.

Критично ниво на закани означува дека нов терористички напад е „веројатен“ или „претстои“.

– Врз основа на денешната истрага се дојде до заклучок дека нивото на заканата треба да биде зголемено засега од тешко на критично – нагласи Меј и додаде дека тоа значи дека не само што веројатноста за нападот останува висока, туку дека е можно да претстои и нов напад.

Поврзани новости