Вашингтон: Договорот меѓу Македонија и Бугарија е охрабрувачки пример за тоа како разликите меѓу соседите може да се решат мирно

by fokus

Вашингтон го поздрави потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Македонија и Бугарија. САД договорот го оценуваат како пример за мирно решавање на проблемите меѓу соседите.

-Овој важен, перспективен договор ги признава веќе воспоставените силни врски меѓу двете земји и ја отвора вратата за уште поблиска соработка во различни области како инфраструктурата и културата. Потпишувањето на овој Договор ќе придонесе за политичка стабилност и економски развој во поширокиот регион и нуди охрабрувачки пример за тоа како разликите меѓу соседите може да се решат мирно, се вели во соопштението.

Поврзани новости