Вардар по 11 години успеа да се пласира во третото квалификациско коло на Лигата на шампиони

by fokus

Вардар вечерва со 3-1 го победи шведски Малме со што се пласира во третото квалификациско коло од Лигата на шампиони. На првиот натпревар во Шведска резултатот беше 1-1.

Вардар со оваа победа обезбеди пласман во третото квалификациско коло за прв пат по 11 години. За следен противник го очекува подобриот од дуелот кој што се игра утре, помеѓу Копенхаген и Жилина. Во тој двомеч, Копенхаген има предност од 3-1 остварена на гостински терен.

Поврзани новости