Ванхојте не дојде на седницата на Комисијата за прислушувањето

by Фокус

Посредникот во преговорите за спроведувањето на Договорот од Пржино, Питер Ванхојте, денеска сепак не дојде на седницата на Анектната комисија за прислушувањето, иако вчера беше поканет од претседателот на Комисијата, Петре Шилегов. Тој побара од Ванхојте  да објасни зошто е неопходна одредбата гласот на претседателот на Комисијата да има пресудно значење доколку членовите гласаат воедначено, со што ВМРО ДПМНЕ не се согласува.

Сепак, Ванхојте ги остави партиите сами да се договорат. Шилегов објасни дека тие во меѓувреме имале координативни средби меѓусебе кои давале резултати,  па присуството на Ванхауте не е неопходно. Претседателот ја одложи седницата на Комисијата за во понеделник.

Прашањата за кои партиите не можат да се договорат се дали за почеток на седниците е неопходно присуство на мнозинството членови, кога треба да се најави повикувањето на сведоците и колку да трае нивното испрашување, како и дали може еден сведок да се појави повеќе пати.

Поврзани новости