Ванхојте и новинарите се договорија: Промени во МРТ мора да има

by Фокус

Посредникот во преговорите за спроведување на договорот од Пржино, Питер Ванхојте, денеска оствари средба со новинарите, од кои сакаше да слуше мислења за подобрување на состојбата со медиумите во државата. Како што рече Ванхојте. за реформите кои треба да се спроведат во медиумите, најважни се мислењата на новинарите.

И новинарите и Ванхојте беа согласни дека потребени се реформи во Јавниот сервис за тој да биде независен, реформи во Агенцијата за аудио и аудио-визуелни медиуми, како и во советот за саморегулација на медиумите. Ванхојте кажа дека приоритетите на ЕУ се да се намали насилството врз новинарите, пристап до информации, да се намали клевета врз новинарите и да нема политички рекламирања.

Новинарите истакнаа дека промените не можат да се направат преку ноќ и неопходно е тие да се спроведат пред изборите во април, со цел Македонија да има целосно независни избори и независно известување за нив.

Според Договорот од Прижино, Законот за медиуми и сите други реформи во врска со медиумите треба да бидат договорени и донесени до 20 ноември.

Поврзани новости