Вангеловски негира дека во гевгелискиот суд испитувале како Јанева го добила налогот за претрес кај Панчевски

by fokus

Претседателот на Врховниот суд Јово Вангелосвки негира дека во текот на вчерашниот ден, заедно со претседателот на Судскиот совет Зоран Караџовски, правеле проверка на начинот на кој обвинителката Катица Јанева го добила налогот за претрес кај судијата Владимир Панчевски.

Преку кусо соопштение истакнува дека правел редовна контрола на АКМИС системот.

„Во текот на 12.10.2017 година беше остварена работна посета на Основниот суд Гевгелија од страна на Претседателот на Врховниот суд на Република Македонија и Раководителот на служба за информатика на Врховниот суд на Република Македонија при што беше извршена контрола на функционирањето на АКМИС Системот.
По добивањето на извештајот од анализата на функционирањето на АКМИС Системот ќе бидат донесени соодветни заклучоци, за кои јавноста ќе биде информирана.
Ваквиот тип на работни посети се планирани во наредниот период во сите судови во Република Македонија. Се работи за вообичаени активности во насока на подобрување на функционирањето на АКМИС Системот, стои во соопштението од Врховен суд.

Поврзани новости