Вангеловски: Комуникацијата со министерот е на најниско ниво

by fokus

Претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски во вечерашното гостување на Канал рече дека неговата комуникација со министерот за правда е на најниско можно ниво.

-Комуникацијата со министерот за правда е сведена на најниско можно ниво ниво. Во неколку наврати се обидов телефонски да контактираме, но беше безуспешно. Замислете, од неговото назначување немало ни средба со претседателот на Врховниот суд, рече Вангеловски.

На прашањето зошто е тоа така, Вангеловски одговори дека за тоа треба да биде прашан министерот.

Поврзани новости