Валандовчани бараат на референдум да се изјаснат за изградба на рудници

by Fokus

Граѓанската иницијатива „Спас за Вландово“ од понеделник ја започнува акцијата за собирање на 2.000 потписи за да се распише рефередум во општината за или против рудници.

Оваа одлука  доаѓа откако минатата недела Советот на Валандово ја отфрли иницијативата да се расправа за  референдумско изјаснување на валандовчани откако советниците од ВМРО – ДПМНЕ гласаа воздржано.

Пред само две недели, на 23 април, гевгеличани на референдум кажаа „не“ за изградба на рудници. Нивните чекори сега ги следат и валандовчани.

Поврзани новости