Вајгл: Ако претходната Влада на ВМРО-ДПМНЕ предложила закон за јазици, не е во ред сега да се откажува од тоа

by fokus

Европратеникот и известувач на ЕП за Македонија Иво Вајгл, во интервју за МИА говори за Законот за јазиците и за шансите Македонија да добие датум за почеток на преговори.

-Мислам дека меѓуетничките односи се многу значајни, а тој закон всушност го отсликува тој однос, не смее да стане проблем со кој македонските државјани, македонското општество ќе се дели. Според тоа, ако ВМРО-ДПМНЕ истакнува дека е оправдано што во минатото токму Владата со која ВМРО-ДПМНЕ управуваше предложила Закон за употреба на јазикот, не би требало и не би било во ред сега да се откажува од тоа решение и од законот, со кој се гарантира рамноправност на јазиците во Македонија. Мислам дека тоа е еден од предусловите за соживот и соработка во сите држави кои имаат повеќенационален состав. Јас мислам дека во минатото имаше доста грешки направени и во односите помеѓу мнозинскиот народ и малцинскиот јазик и не би требало Македонија да се врати на точката на која беше пред Охридскиот договор и после она што последните парламентарни избори покажаа дека соработката помеѓу мнозинскиот народ и малцинскиот народ е можна и неопходна – изјави Вајгл.

Во врска со добивањето на датум за преговори, Вајгл вели дека дека би било оправдано да се очекува таквата одлука уште оваа година доколку се исполнат условите и се реши спорот со името

Поврзани новости