Вајгал: Претстојат сложени реформи околу изборите и медиумите

by Фокус

Во Македонија претстојат сложени реформи на полето на подготовката на фер, демократски и транспарентни избори, како и реформи на медиумите, кои треба да бидат огледало на општеството, вели европратеникот Иво Вајгал во изјава за Радио Слободна Европа.

– Секогаш е добро да се води процес со договор, со компромис, со заеднички одлуки, но еднакво е важно да се земе предвид заедничкиот интерес на државата и граѓаните и тој да влијае на одлуките кои се носат сега и во иднина – вели Вајгл.