Утре стартува расправата за ребалансот на буџетот, поднесени 840 амандмани

by fokus

Дури 840 амандмани стигнале до собраниската комисија за финансирање и буџет, на која утре ќе почне расправата за ребаланост на Буџетот.

Најмногу амандмани, 706, а останатите 134 амандмани се од албанските партии.

Партијата која до вчера беше на власт ќе инсистира во ребалансот да има пари за проекти кои се предвидени во нивната изборна програма, но и такви кои дошле од локалното население.

 

Од сите министерства со ребалансот, најголемо е кратењето  кај Министерството за образование и наука за цели 21 милион евра. И полицијата до крајот на годината ќе има помалку пари за трошење 6,7 милиони евра. Од друга страна пак, Министерството за информатичко општество и администрација ќе има на располагање повеќе од 2,5 милиони евра.

Поврзани новости