Утре протест против одлуката за „Диво насеље“: Казните на судот се неправедни!

by Фокус

Утре во 13 часот на плоштадот Скендер-бег во Скопје треба да се оддржи протест против пресудата за обвинетите во процесот „Диво насеље“, во организација на Здружението за албанска култура, која вчера го пријавила протестот во полициската станица Бит пазар.

Во повикот за протестот што го пренесоа дел од медиуми е наведено да присуствуваат сите граѓани кои сметаат дека ваквото изживување и самоволие на судот во изрекување на казните се уште еден пример за неправедна правда и двојни аршини од страна на судот.

-Нашето учество само ќе укаже за тоа колку сите сме за соживот, без маски и агенди, велат организаторите, додавајќи дека протестите ќе завршат пред Основниот суд Скопје 1.

Поврзани новости