Утре пред Уставен: претседателот да помилува осуденици за изборни нерегуларности?

by Фокус

Уставниот суд за утре закажал седница на која ќе се расправа за барањето да се смени законот за помилување со што ќе му се овозможи на претседателот на државата да помилува лица осудени за изборни нерегуларности, дознава Телма.  Сегашниот закон предвидува претседателот да не може да амнестира лица кои се осудени за кривични дела против изборите.

Судијата известител, според извори на Телма, добил барање да се стави на дневен ред на утрешната седница предлогот за измена на Законот кој во 2009-та го потпиша тогашниот претседател Бранко Црвенковски, а во кој се наведува дека претседателот нема повеќе да има надлежност да помилува лица кои ќе бидат осудени за изборни нерегуларности.

Ова следува откако Специјалното обвинителство го отвори случајот „Титаник“ во кој за изборни нерегуларности и злосторничко здружување главни осомничени се функционери на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои и поранешните министри Јанкулоска и Јанакиески.

Поврзани новости