Уставен суд не се произнесува за СЈО, „шарените“ го блокираат Скопје

by Фокус

На закажаната седница на Уставниот суд за среда ја нема точката за разгледување на иницијативата за уставноста на Законот за Специјалното обвинителство.

Во меѓувреме, Шарената револуција одбројува уште два дена до поставениот ултиматум со Судот да се произнесе за СЈО.

За денеска напладне „шарените“ најавија блокади за сообраќајот на три места во Скопје и тоа мостот „Гоце Делчев“, мостот „Слобода“ и мостот „Мајка Тереза“.

„Уставен суд се уште не постапува по нашето барање за заштита на правдата. Планира ли овој суд, оформен во име на граѓаните и платен со пари на граѓаните да се произнесе за СЈО? Или планира да го укине?“, прашаа тие.

Поврзани новости