Успешен референдум во Гевлгелија – нема рудници за злато

by Фокус

На референдумот во Гевгелија гласале 69 проценти од 19.459 од гласачите, при што, според првичните неофицијални информации на здружението „Спас за нас“, 97,9 отсто од граѓаните гласале против отворање на рудниците.

Според тоа, референдумот е успешен и нема да се отвараат рудници за злато, но треба да се почекаат официјалните резултати од Општинската изборна комисија.

Mониторинг тимот на „ЦИВИЛ“ регистрираше повеќе помали нерегуларности во целиот процес, меѓу кои неинформираност на гласачи, неколку случаи на групно гласање и проблеми со избирачкиот список.

Поврзани новости