Уште пет дена за Уставниот суд

by fokus

„СЈО е уставно” порача Шарената револуција денеска со нова герила акција пред Уставниот суд.

Неколкумина демонстранти пред зградата на судот испишаа и голема „петка”, потсетувајќи ја власта дека остануваат уште пет дена до ултиматумот до 18 јуни за исполнување на барањата.

Инаку, деновиве беше објавена информација дека Уставниот суд наскоро ќе ја разгледува иницијативата за утврдување на уставноста на СЈО, поднесена пред осум месеци.

Доколку судот не се произнесе за уставноста на СЈО до 18-ти јуни, шарените револуционери најавија дека правдата ќе ја преземат во нивни раце, на нивен начин.

Поврзани новости