Уште два члена ја напуштија ДИК, Бонева и Срцев ги подготвуваат оставките

by fokus

Потпретседателот на ДИК, Реџеп Прекопуца, и членот од редовите на експертите, Атанас Урумов поднесоа оставки, со што се зголеми на шестмина бројот на членови кои си заминуваат од Државната изборна комисија откако пукна скандалот со делење на високите бонуси.

На функција остануваат уште членот на БЕСА, Ермира Асани Салија, и двајцата членови предложени од ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева и Сашко Срцев.

Според неофицијално информации Бонева и Срцев исто така ги подготвуваат своите оставки.

Што се однесува до Асани Салија, како последен и најнов член, која стана дел од ДИК пред локалните избори, таа изјави дека ќе ги замрзне средствата од бонусот.

Поврзани новости