Ургентниот центар и ортопедија половина ден се без струја

Универзитетската клиника за трауматологија и ортопедски болести половина ден нема електрична енергија, дознава „Фокус“.

Ваквата инфомација за „Фокус“ ја потврди и новиот директор на Клиниката за ортопедија Виктор Камнар, кој истакна дека добиле информација дека до 14 часот ќе немаат електрична енергија.

– Не информираа дека ќе нема струја, но никој не ни кажа кои се причините за тоа  – додаде ортопедот Камнар.

Директорот на Ургентниот центар Илир Хасани, пак потврди дека за денеска е планирано исклучување на струјата, со цел да се извршат одредени поправки.

– Тоа е планирано за сабота, кога има помала фреквенција. Писмено е најавено дека ќе нема струја, а таму кај што нема струја се работи на генератор – истакна доктор Хасани.

И.М.