Управен суд утре ќе одлучи во врска со тужбите на БЕСА и АА

by Фокус

Управниот суд денеска разгледа десет од 16 тужби во врска со вториот круг од локалните избори, додека утре ќе бидат разгледани и преостанатите шест тужби, кога ќе бидат донесени одлуките во однос на тужбите.

Единаесет од тужбите беа поднесени од Алијанса на Албанците, четири од движењето „Беса“ и една од Народно движење за Македонија.

Управниот суд има должност да донесе одлука по жалбите во рок од 48 часа по нивниот прием.

Поврзани новости