УПОЗ: Работничкиот дом од вчера е дом на криминалот

by fokus

Живко Митревски продолжува со своите лаги и измислици за состојбите и случувањата во Сојузот на синдикатите на Македонија и шири лажни обвинувања за четирите сидикати кои неосновано, нестатутарно и незаконски ги исклучи од ССМ, велат од синдикатите СИЕР, УПОЗ, АГРО и СУТКОЗ.

-На прес-конференцијата што ја одржа вчера се виде кои гранските синдикати го поддржуваат, бидејќи го придружуваа три нелегитимни претседатели, каков што впрочем е и тој самиот. Претставникот на Македонскиот полициски синдикат е со завршена функција и тој е технички претставник без легитимно право да зборува во својство на претседател. Претставникот на Синдикатот на одбраната со фалсификувано решение и заведен спор по тој прекршок, бессрамно се претставува за претседател на Синдикатот на одбраната и безбедноста. Разрешениот секретар на ССМ и претставник на Синдикатот за сообраќај и врски го загуби спорот пред Управниот суд за неговата претседателска фукција во тој синдикат. Ваквите состојби и спорови во овие синдикати се резултат на директното влијание и упадите на Живко Митревски, се вели во соопштението.

Четирите грански синдикати СИЕР, УПОЗ, Агро Синдикат и СУТКОЗ се решени да ја продолжат борбата низ институциите бидејќи се уверени дека аргументите и правото се целосно на нивна страна. Затоа во текот на утрешниот ден ќе побараат прием кај министрите во Министерството за труд и социјална политика и Министерството за внатрешни работи за да добијат одговор како е поништено решението за именување на Дарко Димовски односно кој издаде наредба полицијата да влезе во зградата на ССМ и да не дозволува да влезат вработените во синдикатите.

-Воедно, ја информираме јавноста, членови на синдикатите и граѓаните дека Работничкиот дом од вчера повеќе не е дом на работниците, туку дом на криминалот и злоупотребите. Денес во него не влегуваат работници, туку само платениците кои го штитат Живко Митревски од сопстените членови, а на вработените на синдикатите СИЕР, УПОЗ, АГРО и СУТКОЗ не им дозволуваат влез во сопствената куќа, стои во соопштението.

Поврзани новости