Улицата пред Владата ќе биде затворена до утре во 8 часот

by Fokus

Министерството за внатрешни работи соопшти дека од денеска во 18 часот до утре во 8 часот ќе биде затворен делот од булеварот „Илинден“ пред Владата, поради одржување предизборен митинг.

Од МВР додаваат дека сообраќајот ќе може да се одвива во правец од мостот „Гоце Делчев“ кон булеварот „ВМРО“ и од булеварот „Илинден“ кон булеварот „Климент Охридски“.

Вечерва централниот митинг на оваа локација ќе го одржи партијата СДСМ.

Поврзани новости