Украл „Форд“ паркиран пред продавница, а потоа предизвикал сообраќајна несреќа

by fokus

Полицијата го фати и приведе 27-годишниот Ј.П. од селото Грчец, кој е осомничен за тешка кражба. Против Ј.П. е покрената кривична пријава за кражба на возило, со кое подоцна предизвикал сообраќајна несреќа.

Кражбата ја извршил вчера околу 12,20 часот пред маркет на улица „Борис Сарафов“. Имено, маж се паркирал со своето патничко моторно возило „Форд Експлорер“ со американски регистерски ознаки за да купи нешто од продавница, а возилото го оставил да работи со клучот на бравата. Ј.П. ја искористил приликата, влегол во отклученото возило и го одзел.

Сопственикот на возилото реагирал да го стигне и запре, но не успеал, по што телефонски пријавил во СВР Скопје. Од страна на полициски екипи веднаш е отпочната потрага на терен во правец на движење на украденото возило.

J.П. најпрво предизвикал сообраќајна незгода удирајки со одземеното возило во друго возило, по што веднаш гo напуштил местото на настанот во правец на село Кондово. Таму тој го оставил возилото и се дал во бегство, но по кратко време Ј.П. е фатен и приведен.

Возилото е вратено на оштетениот, кој го препознал Ј.П. како сторител на кривичното дело, велат од полицијата.

Поврзани новости