Украдени дваесет лап-топ компјутери од продавница во Ѓорче Петров

by fokus

Вкупно 21 лап-топ компјутери се украдени од продавница за техничка стока на улицата „Ѓорче Петров“ во истоимената скопска општина.

Кражбата се случила во период помеѓу 15.00 часот на 11.02.2018 до 04.30 часот на  12.02.2018 година.

„Сторителот со парче бетон го скршил стаклото од влезната врата, влегол внатре и одзел 21 лап топ компјутери, по што побегнал во непознат правец.  На тој начин сторителот се стекнал со противправна имотна корист од околу 900.000 денари. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот“, велат од Министерството за внатрешни работи.

Поврзани новости