Укинати дисперзираните студии на УКИМ, вратени родовите студии

by Fokus

Министерството за образование ги укина дисперзираните студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, а на другите универзитети ги редуцираше, соопштија од министерството.

– Укинувањето е на барање на скопскиот универзитет. Оваа година факултетите при Универзитетот „Св Кирил и Методиј“нема да имаат дисперзирани студии. Такво беше барањето на Универзитетот кое се поклопи со ставот на Владата и нашите согледувања за квалитетот и потребата од одредени дисперзирани студии. Одредени дисперзирани студии на другите универзитети се редуцирани, тргнувајќи од погоре наведените аналитички податоци со кои располагаше Министерството за образование – се наведува во соопштението на МОН.

Од таму додаваат дека по пет години мирување, годинава се активираат Родовите студии на Филозофскиот фаултет, како и студиите за Безбедност и евроинтеграции на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола.

Поврзани новости