Ученичките од Охрид се верски дискриминирани, одлучи Комисијата за заштита од дискриминација

by fokus

Комисијата за заштита од дискриминација, по добиена информација дека на ученици во основно училиште во Охрид делумно им било скратено правото на образование поради нивната вероисповед, укажува дека ограничувањето на носење верски симболи во училиштата претставува форма на дискриминација по основ на вероисповед.

-Слободата на вероисповест се манифестира на различни форми, меѓу кои е и носењето на верски симболи. Ограничувањето на носење на верски симболи во училиштата за припадниците на било која религија предвидена во Уставот на РМ, претставува форма на дискриминација по основ на вероисповест, велат од Комисијата.

Директорот на училиштето „Братство и Единство“ Муамер Доко пак испратил писмо со изјава до Државниот просветен инспекторот на регионалното одделение во Струга.

Во изјавата директорот вели дека против ученичките Хилал Латифи деветто одделение и Хазал осмо одделение нема превземено никакви педагошки мерки и истите редовно ја следат наставата. Недостасува само одговорот од Државниот инспекторат за тоа зошто ученичките не следеле настава три дена и за тоа кој ќе ја носи одговорноста.

Поврзани новости