Убиство во Охрид, маж бил претепан до смрт

by Fokus

Охриѓанец попладнево бил претепан до смрт по физичка пресметка со сограѓани. Според првичните информации, на физичката пресметка и претходела расправија, по што се вмешал синот на едниот од учесниците во тепачката и до смрт го претепал својот сограѓанин.

Инцидентот се случил пред локална продавница, на улица „Будва“ во населбата „Радојца Новичиќ“ во Охрид.

Од СВР Охрид велат дека полициски екипи се на местото на настанот, а увидот е во тек.

Поврзани новости