Убиено семејство на Македонец во Канада, две деца и поранешната сопруга

by fokus

Триесет и деветгодишната Красимира Пејчиновска и нејзините две деца 15-годишниот Рој и 13-годишната Ванелија, пред три дена беа убиени во нивниот дом во Канада. Красмира била по потекло од Бугарија, а нејзиниот поранешен сопруг, односно таткото на децата, е од Македонец.

Момчето на мајката, Кори Фен, кој бил десет години помлад, е единствениот осомничен за трикратното убиство. Тој е уапсен ден по убиствата.

-Телата на жртвите се однесени на обдукција и потоа ќе имаме информации за начинот на кој се убиени – изјавила полицијата.

Пријателките на Пејчиновска сведочат дека нејзината врска со Фен се распаѓала и таа сакала да стави крај. Но, тој не сакал да се разделат и почнал да и се заканува.

Поврзани новости