Убиена е новинарката која го обвини малтешкиот премиер за корупција, и поставиле бомба под автомобилот

by Fokus

Малтешката новинарка Дафне Каруана Галиција загина денеска во експлозија на автомобил, кратко време откако во својот последен блог ја опиша политичката ситуација на Малта како „очајна“, обвинувајќи ја Владата за корупција.

Моќната експлозија била пријавена во полиција неколку минути по 15 часот. Се уште не е јасно што ја предизвикало експлозијата. Полицијата соопшти дека на местото на настанот е пронајдено телото на возачот на автомобилот пежо, но дека тоа е распарчено и допрва треба да се идентификува. Претходно Каруана, пријавила закани.

Во врска со овој инцидент се огласи и премиерот на Малта, Џозеф Мускат, кој побара целосно расветлување на случајот.

„Нема да останам мирен додека не биде задоволена правдата. Во оваа земја секој може слободно да каже и да напише се“ – изјави Џозеф Мускат, премиер на Малта.

Во 2016 година, Каруана беше оквалификувана како една од “28-те луѓе
кои ја тресеат Европа”, откако први ја објавија веста за Панама пејпрс,
споменувајќи вмешаност и на компанија која била во сопственост на
Мишел Мускат сопругата на премиерот на Малта. Аферата имаше светски одек, бидејќи во неа се тврдеше дека се вмешани светски лидери.

Последната информација што новинарката ја објавила на својот блог, била критика за премиерот на Малта.

 

Поврзани новости