Убиен полицаец во Куманово

by fokus

Полицаец од СВР Куманово вчеравечер го загуби животот, откако беше прободен со нож во грбот додека интервенирал по пријава за семејно насилство.

Убиството се случи во ромската населба Средорек, каде пријавениот ги нападнал четворицата полицајци кои дошле во неговиот дом, при што на едниот му нанел убод со нож во пределот на грбот.

Поради сериозноста на повредата полицаецот починал пред да пристигне екипата за медицинска помош. Полицијата изврши увид, а напаѓачот е приведен.

Поврзани новости