Уапсен поранешен директор на ММФ за перење пари

by Фокус

Поранешниот директор на ММФ и поранешен министер за финансии на Шпанија, Родриго Рато денеска е уапсен во Мадрид. Главното обвинителство го товари за неплаќање на даноци, перење пари и проневера на имот.

Сепак, поранешниот директор на ММФ кратко после апсењето бил пуштен на слобода, откако полицијата извршила претрес во неговиот дом и неговата канцеларија.

Има сомневања дека Рато ја користел владината даночна амнестија за да легализира парични средства со сомнително потекло.

Поврзани новости