Уапсен докторот Мустафа кој јавно обвини за организиран криминал

by Фокус

Пред околу еден час на граничниот премин Ќафасан бил уапсен лекарот Адил Мустафа, кој денеска, заедно со својот партнер Борче Чупетрески на прес конференција јавно обвинија за организиран криминал, објави РеволуционерМК.

Лекарите  посочија дека болницата „Шендети“ во Тетово, не профункционирала поради организиран криминал, во кој биле вклучени приватна банка и владеачки структури на ВМРО ДМПНЕ и ДУИ.

Докторот од граничниот премин е однесен во полициската станица во Тетово, а намерата му била да замине за Тирана каде што и работи како гинеколог.

Двајцата лекари денеска јавно истакнаа дека се жртви на незаконска активност, во која биле вмешани политичари и банкарски работници, а сето тоа било зачинето и со барање мито, уцени и невидени притисоци, се со цел, како што рекоа, оваа инвестиција да не успее, бидејќи била на „туѓа бизнис територија“. Двајцата велат дека одлучиле своите маки и проблеми да ги споделат со јавноста, за да ги освестат и останатите бизнисмени кои се соочуваат со разни закани и притисоци, да не молчат туку јавно да проговорат.

Мустафа појасни дека во 2004 година, со свои пари ја изградил болницата, но поради  штитење на монопол на некои здравствени центри, властите не дозволиле Шендети да прерасне во современа поликлиника.

Проблемот како што тврди Д-р Мустафа, започнал кога приватна банка според неговото кажување, не ја префрлила целата сума на пари од кредитот, кој што го одобрила за опремување на болницата, како дел од планот за нејзино лиценцирање и понатамошен развој.

И Адили и Чупетрески велат дека приватната банка, била поврзана со владечката ВМРО ДПМНЕ и ДУИ,  се со цел да се спречи конкуренција на нови поликлиники, кои би го намалиле профитот на постојните, каде властите имале големи удели.

Како доказ за сето ова, го посочуваат одбивањето на Фондот за здравство да потпише договор со болницата Шендети, чиј Центар за дијализа бил изграден со турска инвестиција.

Болничкиот објект сега е во сопственост на приватната банка, која ја активирала хиопотеката за објектот поради неисплатнеите камати.

-Поднесената жалба до Јавното обвинителство за овој случај е одбиена. Претседателот на СДСМ Зоран Заев поседува аудио материјали за Шендети, кој автоматски треба да ги истражува Специјалното обвинителство, како дел од случаите со прислушкуваните разговори, додава Д-р Адили.

Поврзани новости