ТВ 24: Мукоски штрајкува со глад во Шутка

by fokus

Пратеникот Крсто Мукоски кому вчера му беше определена мерка притвор од судија на претходна постапка, почнал да штрајкува со глад уште веднаш кога пристигнал во истражниот затвор Шутка.

Информацијата за ТВ 24 ја потврдува неговата одбрана. Причина за неговиот штрајк со глад е тоа што сметал дека е притворен за нешто што воопшто не го направил, а најмалку дека му се става на товар терористичко загрозување на уставниот поредок.

Мукоски одбива храна и затоа била известена и затворската управа по што веднаш медицинско лице му извршило преглед и било констатирано дека засега е во добра здравствена состојба. Тој не се наоѓа во келија заедно со останатите притворени пратеници, туку сосема други притвореници.

Поврзани новости