Туск: ЕУ е подготвена за ова „драматично сценарио“

by fokus

Европската унија е тажна и изненадена од овој историски момент, но е спремна за ова сценарио – вели претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, по одлуката на британците да го напуштат европското друштво.

„Не го криевме фактот дека сакавме поинаков исход од референдумот вчера. Не постои начин да се предвидат сите политички последици од овој настан – особено за Велика Британија. Ова е историски момент, но не е момент за хистерични реакции.“ – порача Туск од Брисел.

Претседателот на Европскиот совет изјави дека закажани биле итни состаноци меѓу останатите членки на ЕУ за да ја проценат иднината и стратегиите на Унијата, без Велика Британија.

Претседателот на Европскиот совет рече дека блокот од сега 27 членки е решен да ја задржи својата единственост по историската одлука на Британија да замине.

Туск и претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер во моментов имаат средба во Брисел, на која поканет е и холандскиот премиер Марк Руте, актуелен претседавач со ЕУ.

Поврзани новости