Турција го ослободи италијанскиот новинар Габриеле Дел Гранде

by fokus

Италијанскиот новинар Габриеле Дел Гранде е ослободен од турските власти две недели по неговото апсење, пренесуваат странските медиуми.

Новинарот веќе патува кон својот дом, напиша на Твитер Анџелина Алфано, италијански министер за надворешни работи.

Новинарот Дел Гранде беше уапсен на 9 април во близина на сириската граница во Турција. Новинарот се наоѓаше во земјата во врска со подготовката на книга.

Италијанецот правел интервјуа со сириски бегалци за војната во нивната татковина и за активностите на блискоисточната радикална група „Исламска држава“. По апсењето 34-годишниот новинар започнал штрајк со глад во знак на протест против активностите на турските власти.

Поврзани новости