Турлитава – пикник во Градски парк за прифаќање на различностите

by Фокус
Хелсиншкиот комитет за човекови права, со цел да се одбележи 22 јули како ден посветен на жртвите на дела од омраза – акција на Советот на Европа, оваа недела (20 јули) организира настан во Градскиот парк, во 19 часот, насловен ,,Турлитава‘‘.

„Идејата со која се организира настанот е надминување на меѓусебното непознавање на различните етнички групи во нашата држава, како најчеста причина за создавање конфликтни ситуации, односно ситуации кои водат кон дела од омраза. Цениме дека со организирање пикник на кој ќе бидат претставени вкусни традиционални специјалитети застапени во различните етнички кујни во Македонија (македонска, албанска, турска, влашка, српска, бошњачка, ромска, егејска, еврејска, торбешка и други), во директна смисла ќе се посочи на различноста како можност за споделување. Ве очекуваме, во недела, заедно да го одбележиме европскиот ден посветен на жртвите на дела од омраза. Заедно да ги вкусиме различните традиционални кујни, и заедно да го потенцираме прифаќањето, признавањето и споделувањето“, велат од Хелсиншкиот комитет.

Настанот се организира со поддршка на ,,Цивил‘‘, ,,МОФ‘‘ и ,,Амбрела‘‘.

Поврзани новости