Тунтев: Ги трошиме парите на граѓаните, а се зборува за се, освен за Зврлевски

by fokus

На оваа седница се збори за се освен за точката на дневен ред. Си го трошиме времето, а и парите на граѓаните, рече Томислав Тунтев од СДСМ на денешното продолжение на седницата за разрешување на Марко Зврлевски.

-И покрај тоа што имаме многу да зборуваме за Марко Зврлевски, за стотиците кои неосновано завршија во затвор и за не покренувањето обвиненија, пратениците од СДСМ нема да учестуваат во ваква бесмислена расправа, рече Тунтев.

Сите пратеници од СДСМ кои беа пријавени за збор не се присутни во Собраниската сала.

Поврзани новости