Туфекџиќ за Тарчуловски: Од докажан насилник таква изјава и се очекува

by fokus

За пратеничката Ивана Туфекџиќ, пратеникот и кандидат за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ за Кисела Вода, Јохан Тарчуловски, не е колега, а неговата изјава дека ќе гради само за оние кои го гласале воопшто не е изненадување.

-За мене тој колега не е, и воопшто не сум шокирана од неговата изјава, напротив од човек кој е докажан насилник таква, дури и полоша изјава се очекува. Тоа е истиот човек кој го гледате на снимките од 27ми април како еден од организаторите на криминалци, истиот кој рече: “Мислам се најдобро за моите колеги кои ги отворија вратите”. Поразително е нивото на таквото обраќање спрема граѓаните и во најмала рака е срамно, но имајќи предвид за кого станува збор не е шокантно, изјави Туфекџиќ за „Фокус“.

Таа додава дека е убедена дека граѓаните таквиот недостиг на, како што вели, срам, морал и етика ќе го поразат на локалните избори.

Поврзани новости